Top Sport

Претседателот на Сампдорија вети: Ќе се истрижам како Наинголан ако ги победиме Јуве

Контроверзниот претседател на Сампдорија, Масимо Фереро вети дека ќе ја избричи главата доколку неговиот тим утре го победи Јувентус за да изгледа како Раџа Наинголан.

„Блучеркијатите“ се соочуваат со лидерите во Серија А во Торино во последниот меч пред зимската пауа во Серија А, и Фереро вели дека тие можат да ја сопрат победничката серија.

„Имам долга коса и секогаш сум имал. Но, ако утре го победиме Јувентус, тогаш ќе се истрижам. Ќе бидам како Наинголан“, изјави Фереро.

Фереро, кој неодамна беше приведен и обвинет за корупција, исто така имаше свое мислење и за дебатата околу расизмот на италијанските навивачи по извиците кон Калиду Кулибали во дербито Интер-Наполи.

„Фудбалот е шоу и мора да продолжи, но треба да им дадат овластување на стјуардите на стадионите да можат да ги приведуваат навивачите. Ако некој ултрас отиде на стадион да прави проблеми, тогаш треба да биде ставен во келија, но на стадионите има по 60 илјади луѓе и не се сите исти“, додава Фереро.

Фото: ЕПА

Уапсен претседателот на Сампдорија

Scroll to Top