Претседателот на Селтик од Глазгов, Питер Ловел (66), објави дека неговиот мандат како прв човек на клубот ќе заврши на последниот ден од годината.
Причината за таквата одлука, како што рече, се заканите што ги добива во последно време од различни страни.
„Верувам дека покажав способност да се справам и да надминам многу предизвици на повеќе фронтови, но навредите и заканите од одредени извори се интензивираа и станаа неприфатливи. Тие го ужаснаа и вознемирија моето семејство“, изјави Лавел за веб-страницата на клубот.
„Во оваа фаза од мојот живот, не ми треба ова. Не можам да го прифатам ова и затоа го напуштам клубот што го сакав целиот свој живот. Мотивациите и целите на овие критичари можат да ги истражат други. Претпочитам да се осврнам на мојата кариера во Селтик со длабока благодарност и задоволство“, додаде тој на крајот.
Ловел ја извршуваше таа позиција во последните три години.
Тој е во клубот 18 години, а пред да стане претседател, ја извршуваше функцијата извршен директор.
Заедно со членовите на Управниот одбор, тој со месеци е на удар од навивачите поради лошите резултати на тимот, кој не успеа да се квалификува за Лигата на шампионите, додека во домашната лига заостанува шест бода зад лидерот Хартс.
Тимот неодамна го презеде Вилфред Ненси, меѓутоа, тој ги загуби првите три натпревари што ги водеше, па се постави прашањето дали има потреба да се замени привремената опција во лицето на Мартин О’Нил.
Брендан Роџерс ја започна сезоната на клупата, но поради неостварени цели, поднесе оставка во октомври.
Foto/ EPA
