Претседателот на Спортинг Лисабон, Фредерико Варандаш тврди дека официјалните лица на Порто го нападнале и му го украле мобилниот телефон и паричникот по вчерашното бурно 2:2 реми во португалското дерби.
Варандаш тврди дека инцидентот се случил пред тимскиот автобус, кога портпаролот на Порто, Руи Серкеира се удрил во него и му ги земал работите.
„Спортинг информира дека претседателот Фредерико Варандаш беше мета на вербална и физичка агресија од Витор Баија, потпретседателот на Порто, Сержо Консеисао, тренерот на тимот и Руи Серкеира, портпарол на клубот. Кога си одеше до тимскиот автобус, тројцата, заедно со луѓе од обезбедувањето го начекаа. Тогаш Руи Серкеира се удри во претседателот, му ги зема паричникот и мобилниот телефон и избега. И покрај тоа што имаше полиција, тие не беа пронајдени. Спортинг ќе поднесе кривична пријава против Витор Баија, Сержо Консеисао и Руи Серкеира“, се вели во објавата на клубот.
Мечот беше одбележен со скандалозен крај со масовна тепачка и пет црвени картони (видете линкот подолу).
Апсолутен хаос на португалското дерби – четири црвени картони и масовна тепачка