Top Sport

Циципас и Оже-Алијасим за титулата во Ротердам

На Ротердам опен за титулата ќе се борат првиот носител, Гркот Стефанос Циципас и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

Циципас се пласираше во првото финале за него од Ролан Гарос минатата година со 4:6/6:4/6:2 победа над чешкиот квалификант Јиржи Лехечка во меч кој траеше речиси два часа. 20-годишниот Лехечка беше најнискорангиран полуфиналист во Ротердам од 1995 година. Оже-Алијасим пак, по голема борба со 6:7(5)/6:4/6:2 го победи рускиот фаворит Андреј Рубљов.

И во ВТА финалето во Санкт Петерсбург Грција ќе има претставник во Марија Сакари, која ќе се судри со Естонката Анет Контавеит. Првата носителка Сакари со 6:4/6:7(4)/6:4 по 3 часа ја совалда Романката Ирина Камелија Бегу, додека светската тенисерка број 9, Контавеит со 6:3/6:4 ја победи поранешната шампионка од Ролан Гарос, Јелена Остапенко.

Scroll to Top