Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија Славиша Кокеза бил позитивен на коронавирусот.
Кокеза вчера бил примен на Инфективната клиника во Белград. Со опасниот вирус Кокеза се заразил на Конгресот што УЕФА го одржа во Милано.
Покрај Кокеза биле тестирани уште две лица, но нивните тестови биле негативни.
Позитивниот тест на Кокеза ги натерал претседателот на Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Давор Шукер и селекторот на репрезентацијата Златко Далиќ да останат во домашен карантин. Овие двајца исто така биле на Конгреост во Милано, немаат симптоми дека се заболени од вирусот, но од превентивни причини решиле да се само изолираат.