Виљареал не успеа да избори место во финалето во Лигата на шампионите. Шпанскиот тим со вкупен резултат 2:5 доживеа елиминација од Ливерпул.
Во реваншот на стадионот „Ла Керамика“ беа поразени од Ливерпул со 3:2, иако водеа со 2:0. Претседателот на Виљареал, Фернандо Роиг, не беше задоволен од делењето на правдата од страна на холандскиот судија Дани Макели.
Тој смета дека неговиот клуб бил оштетен за пенал во првото полувреме при водство од 1:0.
Тоа беше дуел за топка меѓу голманот Алисон Бекер и Џовани Ло Селсо, Роиг смета дека Бразилецот го соборил играчот на Виљареал и дури потоа ја избил топката.
„Тоа беше скандалозна одлука. Судијата беше подмолен од првата минута, судеше во нивна корист. Ливерпул е одличен тим, можевме да загубиме од нив на првиот натпревар и со повеќе голови разлика, па не го сакам ова да биде изговор. Сепак, судењето не беше на тоа ниво. Одлуките на судијата влијаеја на резултатот“, рече Роиг.