Top Sport

Тер Штеген нема да игра во Лигата на нации

Голманот на Барселона и на германската репрезентација Марк-Андре тер Штеген летово нема да игра за националниот тим на натпреварите од Лигата на нации.

Веста ја објави Фудбалскиот сојуз на Германија, кој потврди дека е постигнат договор со Тер Штеген за кратка летна пауза кога се во прашање натпреварите во националниот тим.

Ханси Флик со тоа нема да го има на располагање Тер Штеген за натпреварите против Италија, Англија и Унгарија, кои германската репрезентација ги очекува во јуни.

„Разговарав со Марк. Тој е еден од најдобрите светски голмани, но поради повреди нема време за одмор во последните години. Го зедовме предвид и фактот дека Светското првенство ќе се игра дури во ноември и се договоривме дека сега е добар момент за пауза“, потврди Флик.

„Секогаш ми е задоволство да играм за репрезентацијата, но по неколку интензивни сезони навистина ми треба пауза и среќен сум што селекторот го сфати тоа“, изјави Тер Штеген.

Само оваа сезона, Тер Штеген помина 4.200 минути на теренот за Барслеон – одигра 46 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top