Top Sport

Претставниците на Хери Кејн на состанок со првите луѓе на ПСЖ

Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Луис Кампос имал состанок со претставниците на напаѓачот на Тотенхем Хереи Кејн, тврди францускиот „Ле паризиен“, зголемувајќи ги шпекулациите дека англискиот напаѓач ќе замине од Лондон ова лето.

29-годишниот англиски капитен беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, но сега во игра влегува и францускиот гигант, кој се надева дека ќе му најде партнер на Килијан Мбапе во нападот, откако минатото лето не успеаја да го договорат Роберт Левандовски.

ПСЖ исто така се заинтересирани за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, но Наполи сигурно ќе бара над 130 милиони евра, а Кејн би бил достапен за помалку од 100 милиони. Втора главна цел на богатиот француски клуб е Бернардо Силва, кој треба да ја пополни празнината пред потенцијалното заминување на Лионел Меси.

Scroll to Top