Top Sport

Предупредување за „екстремни временски услови“ за трката во Имола

Персоналот на Формула 1 тимовите има посебни подготовки за ГП на Емилија-Ромања на патеката Имола овој викенд по предупредувањата за екстремно време во областа.

Италијанската влада потврди дека регионот Емилија-Ромања има „црвено“ предупредување за силен дожд во вторник и среда, со опасност за поплави и лизање на земјиште. Пред две недели регионот исто така беше погоден од силни дождови во кои животот го загубија две лица.

Нивото на водата на реката Сантерно покрај патеката е превисоко, а вообичаените подготовки на боксовите на патеката Имола беа стопирани.

Минатогодишната трка во Имола исто така се одржа на влажна патека.

Scroll to Top