Top Sport

Презентациите никогаш не поминуваат добро – Сержињо Дест и контролата на топката!

Сержињо Дест, новиот американски десен бек на Барселона, ја продолжи „традицијата“ на посрамотување за време на јавната презентација на „Ноу Камп“ со својата контрола на топката.

Барселона, како и повеќето шпански клубови, продолжуваат со презентациите на кои фудбалерите треба да покажат како се снаоѓаат со топките, но речиси секогаш, тие тргнуваат наопаку, така што не беше чудно што и Дест падна под оваа „клетва“.

Иако ова видео стана вирално, фановите на Барса посочија и кон друго видео на кое сепак Дест имаше целосна контрола.

Другите фанови пак посочија на видеа на кои и Мартин Брејтвајт, Паулињо и Усман Дембеле имаа исто толку катастрофални презентации.

Scroll to Top