Последниот тест пред новата сезона на Јувентус, пријателскиот меч со Атлетико Мадрид е пред откажување поради безбедносни причини, тврди „Мундо депортиво“.
Ова доаѓа откако палестинските власти потврдија дека 8 луѓе загинаа во ракетните напади од Израелската армија, по што се верува дека постои опасност за одмазнички напади, а двата клуба денеска треба да паатуваат за Израел.
Рома со 1:0 го совлада Тотенхем во пријателски меч на „Сами Офер“ стадионот во Хаифа минатата недела, а во Израел се оддржа и Францускиот Суперкуп, во кој Пари Сен-Жермен во Тел Авив го совлада тимот на Нант со 4:0.
Juventus-Atletico Madrid a rischio annullamento per motivi di sicurezza: le ultime https://t.co/6P6JeEmQ4t
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) August 6, 2022