Пријателскиот меч кој требаше да собере пари за организацијата за борба против леукемијата во Салерно помеѓу Салернитана и Адана Демирспор не го доживеа својот крај по грда тепачка и четири црвени картони.
Фаулот на Самет Акајдин од Адана предизвика вистински хаос на теренот и тепачка во која учествуваа сите 22 фудбалери на теренот и неколку од резервната клупа.
Суијата Џанпјеро Миеле им даде црвени картони на Акајдин и Кевин Родригес од Адана и Федерико Фацио и Ласана Кулубали од Салернитана. Адана, на чија клупа е Винченцо Монтела, водеше со 3:1 пред прекинот.