На македонската фудбалска репрезентација и останува околу половина час да се соземе и да даде уште еден гол, откако Исланд успеа да израмни во 54. минута од мечот, така оддалечувајќи не од посакуваното второ место во групата и пласман во баражот за Мундијалот во Катар во 2022.
Јон Дагур Торстеинстон ја казни невнимателноста на нашата одбрана за да го совлада Столе Димитриевски за 1:1.
Сега е време за концентрирање и враќање на предноста.