Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија на чие чело е принцот Мохамед бин Салман ќе се обиде да го купи италијанскиот фудбалски великан Милан.
Пред два дена на Саудијците им пропадна обидот да го купат Њукасл Јунајтед. Саудиска Арабија во светот често ја критикуваат поради непочитувањето на човековите права, а исто така и телевизијата „BeIN Sports“ бараше да не се одобри продажбата бидејќи во државата нелегално се пренесуваат натпреварите од Премиер лигата.
Принцот Бин Салман ќе се обиде да го купи Милан, клуб кој има седум титули во Лигата на шампионите.
Наводно Саудијците веќе стапиле во контакт со американските сопственици на Милан. Медиумите во Саудиска Арабија тврдат дека тие понудиле една милијарда евра.