Италијанските медиуми, во саботата, објавија дека Франческо Тоти за в понеделник закажал прес конференција на која ќе соопштел дека ја напушта Рома. Иконата на „волчицата“ по пензионирањето во 2017 година започна да работи во клупската администрација.
Медиумите шпекулираат дека Тоти, иако има договор до 2021 година, решил да замине од клубот, бидејќи таму повеќе не се Еузебио Ди Франческо и Мончи. Од моментот кога овие двајца добиле откази односите на Тоти со останатите челници и претседателот Џејмс Палота биле нарушени.
Капката што ја прелила чашата била одлуката на Палота да не го повика Тоти на состанокот во Лондон, каде било преговарано со новиот тренер Паоло Фонсека.
Во меѓувреме на Тоти му понудиле да биде технички директор, но тој без размислување ја одбил понудата.
Тоти не бил задоволен од нештата на кои се одвиваат работите во неговиот омилен клуб.
За потсетување и во 2017 година се шпекулираше дека клупските челници го натерале Тоти да ја заврши кариерата.