Британските медиуми пишуваат дека на „Олд Трафорд“ пристигнала понуда од 4,5 милијарди евра. Принцот од Арабија, Мохамед бин Салман, бил подготвен да го купи Манчестер Јунајтед од Малком Глејзер.
Желбата на Мохамед била да ги врати „црвените ѓаволи“ на победничките патеки. Принцот од Арабија бил подготвен да инвестира во тимот многу повеќе од првиот човек на Мачестер сити, шеикот од Дубаи, Мансур бин Зајед ал Нахјан.
Инаку ова не е прв пат принцот од Арабија да покажува интерес за Манчестер Јунајтед. Досега биле одбиени две негови понуди.
Ед Вудворд порачал дека не знае дека некој понудил пари за купување на Манчестер Јунајтед.
„Јас знам дека семејството Глејзер нема намера да го продаде клубот. Неодамна излегоа со одредени долгорочни планови и колку што знам не постои конкретна понуда за купување на Манчестер Јунајтед“, рекол Вудворд.