Голем скандал утрово ја стресе Белгија, откако полицијата привела неколку познати фудбалски имиња, под сомнение за местење на натпревари и перење на пари.
Меѓу уапсените е и тренерот на шампионот Клуб Бриж, Хрватот Иван Леко. Покрај него приведени се српскиот менаџер Дејан Вељковиќ, менаџерот со иранско потекло Моџи Баја, поранешниот тренер на Андерлехт Херман ван Холсбек и судиите Себастиен Делферир и Барт Вертенен.
Според белгиските медиуми главен во операцијата бил Бајат. Полицијата ги истражувала неговите банкарски трансакции бидејќи се соменаваат дека преку него ги переле парите.
Тренерот Леко и менаџерот Вељковиќ биле добри пријатели со споменатите судии, поради што полицијата се сомнева дека во таа спрега се местеле и натпревари. Овие двајца засега биле приведени само на информативен разговор.
Полициската акција „Чиста рака“, се води во сите поголеми клубови во Белгија. Полицијата вршела претрес во Андерлехт, Клуб Бриж, Генк, Гент, а под истрага биле уште 10 клуба.