Top Sport

Романка го брани Роналдо: Жените сакале да бидат силувани, потоа ќе сфатат дека тоа им се допаѓало

Анамарија Продан со скандалозна изјава застана во одбрана на Крстијано Роналдо, кој во Лас Вегас е обвинет за силување во 2009 година и ќе мора да даде исказ пред правосудните органи во американската сојузна држава Невада.

Откако Кетрин Мајогра поднесе тужба за силување, се зголеми бројот на жени кои тврдат дека Роналдо ги силувал.

Во одбрана на Португалецот застанала атрактивната, 45-годишна Романка, Продан, со жестоки и скандалозни зборови.

„Знаете како оди со тие жени? Сакаат да бидат силувани и дури по 20 години и станува јасно дека тоа им се допаднало“, рекла Продан.

Романката има менаџерска лиценца на ФИФА, таа соработува со многу клубови, а во нејзина сопственост се наоѓа агенцијата „Продан менаџмент“.

Scroll to Top