Еден од напаѓачите денес ја признал вината дека се обидел да ги ограби фудбалерите на Арсенал, Месут Езил и Сеад Колашинац. „Скај“ објави дека Ешли Смит признал дека сакал да им ги земе часовниците на двајцата фудбалери. Неговиот соучесник утре ќе биде изведен пред судијата.
Прсудата за овој случај ќе биде соопштена на 1 ноември.
Ешли и неговиот партнер се обиделе да ги ограбат Езил и Колашинац на 25 јули во Лондон. На снимките од безбедносните камери се гледа како двајцата се доближиле до фудбалерите со своите мотоцикли со намера да ги ограбат.
Колашинац излегол од џипот и започнал да ги брка напаѓачите кои држеле ножеви во рацете.
Езил се оддалечил со џипот и од еден ресторан повикал полиција.
Инаку покрај фудбалерите во возилото се наоѓале и нивните сопруги.
Лудо херојство на Колашинац, го спаси Озил од грабеж (видео)