Top Sport

Проблем за Алегри – Новиот напаѓач претрпе фрактура

Милан се соочи со голем проблем откако новиот напаѓач, Никлас Фулкруг (32), кој пристигна во клубот во катуелниот преоден рок, како позајмен од Вест Хем, се повреди. Германскиот напаѓач го скрши прстот на ногата на натпреварот против Фиорентина, што е значаен удар за тимот.

Според првите проценки, Фулкруг ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Повредата се случи во неговиот трет натпревар за Росонерите. Тренерот Масимилијано Алегри му даде доверба во почетниот состав веќе во неговиот втор настап, но оваа лоша среќа го врати Милан на почетните проблеми во офанзивата.

Фулкруг беше доведен како конкретно и физички силно решение за врвот на нападот, и за кратко време покажа дека може да биде важен фактор во играта. Создаваше шанси и добро соработуваше со соиграчите.

Милан сега повторно мора да се потпре на привремени решенија во клучниот дел од сезоната.

Клубот моментално е во мала резултатска криза и мора што поскоро да се врати на победничките патеки ако сака да остане во трката за шампионската титула и да не заостанува премногу зад водечките тимови на табелата.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');