Поранешен лекар на норвешката репрезентација откри дека капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, може да биде надвор од терените неколку недели. Минатата седмица, играчот за врска влезе во историјата на Премиер лигата како првиот фудбалер кој бил заменет во првото полувреме на три последовни натпревари како стартер, поради повреда на коленото.
Од Арсенал сè уште не откриваат колку долго ќе трае неговото отсуство, но Одегард беше ослободен од репрезентативниот камп на Норвешка за натпреварите против Израел и Нов Зеланд, бидејќи клубот сака да го заштити.
Поранешниот лекар на норвешката репрезентација, Ларс Енгебретсен, ја коментираше здравствената состојба на плејмејкерот и предупреди дека може да отсуствува неколку месеци.
„Немам конкретни информации за тоа што точно покажала магнетната резонанца, но според видеото од повредата, можно е да станува збор за оштетување на страничниот лигамент. Ако повредата е таква, Одегард може да паузира меѓу шест и осум недели, но тоа зависи од степенот на оштетувањето. Можно е и да се работи за посериозна повреда, можеби на предните вкрстени лигаменти. Во тој случај, периодот на отсуство би бил уште подолг“, изјави Ларс Енгебертсен.