Top Sport

Проблем за Баерн, се повреди Павар

Десниот бек на Баерн Минхен Бенжаман Павар порди повредата на стапалото ќе мора да паузира најмалку три недели. Францускиот репрезентативец се повредил на вчерашниот тренинг.

Повредата ќе го одалечи Павар од два натпревари во Лигата на шампините, осмина-финалниот реванш против Челси и четврт-финалниот меч против победникот од пресметката помеѓу Барселона и Наполи.

Баерн првиот меч против Челси во Лондон го доби со 3:0.

Баерн ќе го пречека Челси на 8 август, а четврт-финалето ќе го игра во Лисабон на 14 август.

Scroll to Top