Настапот на најдобриот Белгиец, Кевин Де Брујне, на Евроспкото првенство е под голем знак прашалник. Де Брујне, доживеа сериозна повреда во финалето, на Лигата на шампионите. По еден дуел и невнимателен старт на Антонио Ридигер од Челси, играчот на Манчестер сити се здоби со фрактура на носот.
Повредата на Де Брујне ги загрижи сите во белгската репрезентација, која според составот ќе биде еден од главните фаворит за висок пласман на ЕУРО 2020.
„Во овој момент сум сигурен дека Де Брујне нема да биде подготвен за првиот натпревар против Русија. Ќе морам да најдам вистинска замена. Подоцна, доколку игра, ќе носи заштитна маска. Наредната недела ќе знаеме дали ќе биде подготвен за останатите натпревари. Сега е најважно да го оставиме да се одмори, а ние останатите да ги спроведеме подготовките“, изјавил селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
Белгија на Европското првенство ќе игра во група со Русија, Финска и Данска.