Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан, не го заврши дербито со Челси на „Стенфорд Бриџ“, во Лондон. Варан се повреди во второто полувреме, теренот го напушти со солзи во очите.
Првично ситуацијата со стоперот не изгледа добро, а покрај „црвените ѓаволи“ причина за грижа има и францускиот селектор Дидие Дешам.
На Светското првенство во Катар, поради повреди дел од францускиот тим нема да идат Н’голо Канте и голманот Мајк Мењан. Доколку повредата на Варан е сериозна тоа ќе биде сериозен удар за Французите, кои во Катар ќе ја бранат светската титула.
„Тешко е сега да се каже каква е ситуацијата, колку е сериозна повредата. Треба да почекаме 24 часа и потоа ќе видиме за што се работи“, изјави тренерот на Манчестер јунајтед Тен Хаг.