Top Sport

Проблем за Конте, Ромеро ќе отсуствува најмалку шест недели

Тотенхем на подолг рок остана без клучниот играч во одбраната, Кристијан Ромеро. Менаџерот Антонио Конте, потврди дека Аргентинецот нема да биде во тимот до крајот на годината.

„Повредата е сериозна. Не знам за што точно станува збор, знам само дека нема да игра до крајот на годината, ќе мора да почекаме до јануари, февруари. Штета тој е многу важен играч за нашиот тим“, рекол Конте.

Кристијан Ромеро се повреди настапувајќи за репрезентацијата на Аргентина.. Тој пред време го заврши натпреварот со Бразил.

Ромеро, ова лето, за сума од 50.000.000 евра пристигна во северен Лондон.

Scroll to Top