Top Sport

Проблем за Лампард, Канте се вратил во Лондон

Светскиот првак со Франција и освoјувач на премиер лигата со Лестер и Челси, Нголо Канте, ги напуштил подготoвките на „сините“ и се вратил во Лондон.

Челси се наоѓаат на турнеја низ Азија, во Јапонија пред два дена беа поразени од Кавасаки, а во вторник ги очекува натпревар со Барселона.

Турнејата е мине без Канте кој поради повреда се вратил во Лондон. Играчот редот за врска го повреди коленото во финишот на минатат сезона, тогаш пропушти неколку натпревари, но играше во финалето во Лига Европа против Арсенал (4-1).

Повредата е таква што Канте не само што ќе ја пропушти турнејата низ Азија, туку нема да биде подготвен ниту за почетните мечеви во Премиер лигата.

Scroll to Top