Top Sport

Проблем за Милан, Јувентус ќе бидат комплетни

Јувентус во комплетен состав го чека дуелот со Милан. Големото дерби на италијанскиот фудбале ќе се одигра в недела од 20.45 часот.

Јувентус се лидери во Серија А, а Милан се далеку од некогашната слава. Дополнителен проблем за Милан претставува фактот што Јувентус ќе бидат комплетни за овој натпревар.

Проблеми со повредите имаа Матијас Де Лихт (не играше во Москва) и Кристијано Роналдо кој пред време го заврши натпреварот со Локомотив.

На табелата Јувентус има 29 бода, додека Милан има само 13 бода и се наоѓа на 11 место во Серија А.

Scroll to Top