Top Sport

Проблем за Милевски, Адеми повторно се повреди

Аријан Адеми би можел да го пропушти октомвриските натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Адеми, се повредил вечера, во рамките на 1/16 финалниот натпревар во Купот на Хрватска. Динамо се пласираше во наредната рунда со победа од 4:1 против Оријент.

„Проблем е повредата на капитенот Адеми. Почувствува болка. Ќе видиме каква е состојбата. Се надеваме дека повредата не е сериозна“, рекол за клупскиот сајт, тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар.

Адеми, поради повреда, ги пропушти квалификациските натпревар против Ерменија, Исланд и Романија.

Во октомври, Македонија ќе гостува кај Лихтенштајн и ќе ја пречека Германија.

Scroll to Top