Top Sport

Проблем за Покетино, без двајца важни играчи против Сити

Дербито во Лигата на шампионите, вечерва ќе го одиграат Манчестер сити и ПСЖ. Дуелот веројатно ќе го реши победникот во групата, во која по четири кола лидер е Сити со девет бода, еден повеќе од ПСЖ.

ПСЖ, според информациите на француските медиуми, значително ослабен ќе му се спротивстави на домаќинот.

На последниот тренинг, Маурисо Покетино, добил информација од медицинскиот тим, дека Марко Верати не межо да игра, а неполн час подоцна Жоржињо Вајналдум, поради повреда го напуштил тренингот.

Ова значи дека во редот за врска, Покетино, ќе почне со Леандро Паредес и Идриса Геј.

Натпреварот на „Итихад“ ќе започне во 21 часот. Првиот меч во Париз го добија играчите на ПСЖ со 2:0.

Scroll to Top