Лоши вести за Полска и Баерн Минхен. Роберт Левандовски, поради повреда, нема да игра за Полска против Англија, а веројатно и за Баерн против Лајпциг и ПСЖ.
Полска, вчера, ја победи Андора со 3:0. Левандовски ги повредиле лигаментите во коленото. Полјаците соопштија дека тој се вратил во Минхен.
Претпоставките се дека Левандовски ќе мора да мирува десет дена.
Полска, утре без својот капитен, ќе гостува во Англија, додека во Бундес лигата ќе го пропушти дербито со Лајпциг на 3.април, а под знак прашалник ќе биде и за првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите, против ПСЖ на 7.април.
Левандовски оваа сезона има постигнато 42 гола на 36 одиграни натпревари.