Top Sport

Проблем за ПСЖ – Икарди не сака да го напушти клубот

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди нема намера да го напушти ПСЖ и покрај тоа што имаше понуди од Рома, Ница и Монца.

Икарди се наоѓа на трансфер-листата, новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтије, не го гледа во своите планови за новата сезона, меѓутоа платата кој ја има во Париз не може да му ја понуди ниту еден друг клуб.

Платата е главната причина зошто не сака да ја промени средината.

Мауро Икарди има уште две години од договорот со ПСЖ, што е исто така отежнувачка околност за клубот, но и за сите кои би го донеле во своите редови.

Жозе Мурињо конкретно го побара овој трансфер и директно разговараше со новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос. Тој го известил Икарди, но играчот му рекол дека не сака да си замине.

Во Париз Икарди заработува 12 милиони евра годишно.

Scroll to Top