Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Дин Хаусен, денес го напушти кампот на шпанската репрезентација и нема да игра за „Фуријата“ на претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство против Грузија во сабота и Бугарија во вторник.
Хаусен има повреда на мускулот и селекторот Луис де ла Фенте реши да го врати во Мадрид.
Првите проценки се дека повредата не е сериозна и дека ќе отсуствува околу две недели.
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, наместо него, го повика дефанзивецот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорт, во репрезентацијата.
Лапорт се враќа во тимот откако не добиваше повици одреден период бидејќи не играше долго време поради фактот што неговиот трансфер од Ал Наср во Билбао беше комплициран.
Патем, Лапорт беше стандарден играч во првиот тим во шпанската репрезентација која го освои Европското првенство во Германија минатата година.
Што се однесува до Хаусен, тој не е единствената грижа за Реал, Килијан Мбапе е исто така повреден, но тој остана со француската репрезентација и ќе видиме дали ќе игра против Азербејџан и Исланд…