Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, поради повреда на бутниот мускул би можел да го пропушти натпреварот со ПСЖ, во Лигата на шампионите. Шпанските медиуми објавија дека Менди ќе отсуствува 10 до 15 дена.
Реал, влегува во серија натпревари, до дуелот со ПСЖ на 15.февруари, тимот на Карло Анчелоти ќе игра против Атлетик во Билбао во Купот на Шпанија, потоа ќе ја пречека Гранада, па ќе гостува кај Виљареал.