Top Sport

Проблем за Реал, се повреди и Винисиус Жуниор

Реал Мадрид ќе биде значително ослабен на гостувањето кај Ливерпул во петтото коло од Лигата на шампионите.

Големото дерби ќе го пропушти Бразилецот Винисиус Жуниор, вториот најдобар фудбалер во светот минатата сезона.

Бразилецот ќе отсуствува еден месец поради повреда на задниот дел на левата нога.

Тоа е голем удар за Реал, кој е под притисок откако претрпе два порази во првите четири кола.

Винисиус се повреди, вчера во победата кај Леганес со 3:0.

Тренерот Карло Анчелоти реши да го одмори Килијан Мбапе во последните десет минути од тој натпревар, па го остави Бразилецот во игра.

Во текот на натпреварот Винисиус немал никакви проблеми, непријатност почувствувал кога влегов во соблекувалната. Тестовите покажаа дека Винисиус ја обновил повредата која веќе двапати ја доживеа минатата сезона.

Бразилецот е исклучително експлозивен играч и насобраниот замор од бројните натпревари влијае на неговите мускули.

Реал по четири одиграни натпревари е 18-ти во Лигата на шампионите со само шест бодови, додека Ливерпул е единствениот тим со четири победи во исто толку натпревари и со гол разлика 10:1.

Прашање е кој ќе игра во нападот против Ливерпул крај Мбапе, бидејќи од претходно е повреден и Родриго.

Scroll to Top