Top Sport

„Проблематичниот“ Ловрен донесе три поени за Ливерпул (видео)

Ливерпул без првите ѕвезди Филип Кутињо и Мохамед Салах на Нова Година со гол во 94. минута на Дејан Ловрен успеа да си замине со трите поени од Барнли.

Садио Мане во 61. минута постигна фантастичен гол од работ на шестнаесетникот, но кога изгледаше дека „Црвените“ ќе забележат трета победа во низа, Јохан Гудмундсон во 88. минута израмни за Барнли.

Дефанзивецот Ловрен, кој според хрватските медиуми во вторник може да биде осуден и на затворска казна поради лажно сведочење во случајот против Здравко Мамиќ, најдобро се снајде по слободниот удар на Алекс Осклејд-Чембрлен за импресивна победа.

Лестер сити со 3:0 го победи Хадерсфилд за да ја прекине лошата низа од два порази, додека Њукасл стигна до важна победа на гостувањето кај Стоук сити.

ПРЕМИЕР ЛИГА,22. КОЛО

Барнли – Ливерпул 1:2

Лестер сити – Хадерсфилд 3:0

Стоук сити – Њукасл јунајтед 0:1

 

Scroll to Top