Top Sport

Проблематичниот судија на ПСЖ-Башакшехир е Романецот Колцеску

Четвртиот судија на мечот Пари Сен-Жермен Башакшехир, кој предизвика расистички скандал е Романецот Себастијан Колцеску, 43-годишен судија на кого ова не му е прв проблем со ФИФА.

Според развојот на настаните, инцидентот се случил кога по совет на Колцеску, главниот судија, неговиот сонародник Овидиу Хацеган му даде црвен картон на член на тимот на Башакшехир на клупата. Тоа беше помошникот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, поранешниот камерунски напаѓач, кој тврдеше дека кога покажувал кон него, Колцеску кажал: „Овој црн човек“ (negro).

Колцеску во 2007 година беше отстранет од листата на ФИФА и префрлен да суди во втората лига на Романија, но веќе во 2008 година успеа да се врати во првата лига на Романија, пред да ја врати лиценцата на ФИФА во 2014 година.

Мечот требаше да се рестартира во 22 часот, но фудбалерите на Башакшехир одбиваа да излезат на теренот додека не беше сменет Колцеску.

Прекин во Париз – четвртиот судија со расистички испад кон Башакшехир?

Scroll to Top