Top Sport

Проблеми во Атлетико – Суарез го пцуеше Симеоне откако тој го замени

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид вчера загуби со 2:1 од Севилја за да остане на огромни 13 поени зад лидерот Реал Мадрид, но фановите на „јорганџиите“ повеќе треба да се загрижени од очигледниот конфликт на тренерот Диего Симеоне и Луис Суарез.

При резултат 1:1 во 59. минута од второто полувреме, Симеоне реши да го повлече Суарез на клупата, откако тој веќе седум меча нема постигнато гол, и да го замени со Куња. Камерите ги „фатија“ грдите зборови на Уругваецот кон Симеоне: „Ш.пак еден, секогаш исто со тебе“.

Чоло е познат како тренер кој не трпи недисциплина во тимот, но по мечот не го коментираше однесувањето на својот фудбалер.

Scroll to Top