Top Sport

Проблеми во рајот, Алексис Санчез под истрага на УЕФА

Алексис Санчез пред неколку дена го направи трансферот на кариерата. Чилеанецот од Арсенал се пресели во Манчестер јунајтед каде неделно ќе заработува околу 450.000 евра, однодно неговата годишна плата ќе биде 23,6 милиони евра.

Пред Санчез според годишната плата се само Нејмар (36 милиони евра), Лионел Меси (35), Кристијано Роналдо (32) и Оскар кој во Шангај годишно заработува 24 милиони евра.

Но, Чилеанецот малку уживаше во трансферот, бидејќи во моментов се наоѓа под ситрага на УЕФА откако не се појавил на закажаниот допинг тест.

Напаѓачот во понеделникот не се појавил на договорената локација во Лондон поради обврските околу реализацијата на трансферот. Медиумите во Англија пишуваат дека за целата ситуација е виновен неговиот поранешен клуб Арсенал кој не ја известил УЕФА дека Санчез нема да може да се појави на тестирањето.

За потсетување, во минатото неколку играчи биле казнети поради избегнување на допинг тест. Најпознат е примерот на Рио Фердинанд кој во 2003 година одбил да се појави на допинг тестот, а потоа УЕФА му изреше осум месечна суспензија и парично го казни со 57.000 евра.

Scroll to Top