Top Sport

Полуфинални натпревари на ЕП во ракомет

Вечерва на Европското првенство во ракомет на програмата се полу-финалните натпревари Франција-Шпанија и Данска-Шведска.

Светскиот првак Франција и европскиот вицешампион Шпанија својот дуел во Загреб ќе го започнат во 18 часот.

Франција шестти пат игра полу-финале на едно ЕП, додека Шпанија е по осми пат меѓу најдобрите четири. „Триколорите“ се поуспешни бидејќи три пати ја освојувале титулата и тоа интересно Франција победува на секои четири години (2006, 2010, 2014). Од друга страна Шпанија четири пати играла во финалето, но никогаше на ја освоила титулата.

„Ако е така како што велите тогаш можете уште сега да ји го дадете трофејот, не мора да играме повеќе. Но, шегата на страна, ние сме млада екипа во транзиција, а овие наши млади играчи веќе имаат голема одговорност“, рекол помошниот тренер во француската репрезентација Жијон Жил.

Франција е единствената екипа која во досегашниот дел од првенството ги забележа сите победи, додека Шпанија претрпе два порази (Данска и Словенија). Сепак Шпанците преку Германија си обезбедија место во полу-финалето.

Овие две селекции досега одигра 34 натпревари поуспешна е Франција која 20.пат победила, вклучувајќи ги тука и последните две во полу-финалињата на ЕП во 2014 (30:27) и на СП во 2015 (26:22).

„Франција досега покажа најмногу. Но полу-финалето е еден натпревар и ние дефинитивно имаме шанси. Одигравме две тешки средби против Словенија и Германија на крајот од главната фаза и се надевам дека моите играчи ќе имаат доволно свежина за мечот во петок. Победата над Германија ни ја крена самодовербата. Мислам дека суелот со Франција ќе го решаваат одбраните“, истакнал шпанскиот селектор Жорди Ривера.

Второто полу-финале (20:30 часот) носи дуел на скандинавските ривали Данска и Шведска.

Соседите досега меусебе одиграле 23 натпревари, нешто поуспешна е Шведска со 13 победи, четири помалку има Данска.

Шведска со четири европски титули е најтрофејната европска селекција, но од златото во 2002 година ова е прво ЕП на кое репрезентацијата на „трите круни“ успева да стигне до полу-финалето.

Швеѓаните меѓу најдобрите четири стигнаа благодарение на победата на Франција над Хрватска во последното коло од главната фаза.

Данска е двоен европски шампион (2008, 2012), а во 2014 година во финалниот меч на домашен терен Франција беше подобра.

„Не очекува многу тежок меч, поради тоа е несериозно да говориме за освојување на медал. Никој не сака да биде поразен од својот сосед“, рекол најдобриот дански играч Микел Хансен.

Scroll to Top