Top Sport

Проблеми во Реал, повреден е и Бензема

На долгата листа на повредени играчи во Реал Мадрид од синоќа се наоѓа и името на Карим Бензема. Реал со 2.1 победи на тешкото гостување кај Бетис, а францускиот напаѓач одигра само 45 минути.

На полувремето Бензема останал во соблекувалната бидејќи го скришил малиот прст на десната рака.

„Откако ги направивме тестовите со Бензема, можеме да потврдиме дека тој има фрактура на петтиот, најмалиот прст на неговата десна рака“, објавија од Реал по завршувањето на натпреварот.

Бензема им се приклучи на веќе повредените Тибо Куртоа, Герет Бејл, Марко Асенсио, Фернандо Љоренте и Тони Крос.

Реал не објавија колкава пауза го очекува Бензема.

Scroll to Top