Напаѓачот на Атлетико Мадрид Анхел Кореа се повредил на тренингот на својот тим на почетокот на оваа недела. Магнетната резонанца ќе покаже колку е сериозна повредата на Аргентинецот.
25 годишниот Кореа го повредил бутниот мускул. Тој е вториот фудбалер на Атлетико кој се повредил оваа недела, откако кај Жоао Феликс било констатирано дека ги истегнал лигаментите во левото колено.
Атлетико Мадрид сезоната ќе ја продолжи со гостувањето кај Атлетик Билбао.