Top Sport

Одложена инаугурацијата на класата 2020

Свечената церемонија за приемот на класата 2020 во Куќата на славните во Спрингфилд, поради коронавирусот, е одложена за наредната година. Инаугурацијата на класата 2020 требаше да се одржи на 29 август.

Во класата 2020 се избрани Коби Брајант, Тим Данкан, Кевин Гарнет, тренерот Руди Томјановиќ, Еди Сатон, Тамика Кечинг, Ким Малки, Барбара Стивенс и генералниот секретар на ФИБА Патрик Бауман.

„Дефинитивно ја откажуваме прославата за оваа година. Церемонијате не е можно да се одржи поради пандемијата. Свеченоста ќе се одржи во првото тромесечие од наредната година. Одборот е одржи состанок во наредните недели и ќе ги разгледа сите можности. Класата 2020 е посебна и заслужува да добие голема прослава“, рекол Џери Коланџело за ЕСПН.

Коланџело е претседател на одборот на Куќата на славните, во својата кариера четири пати бил прогласуван за најдобар генерален менаџер во НБА лигата.

Scroll to Top