Барселона синоќа загуби од градскиот ривал Еспањол (1:0) во првиот четврт-финалет натпревар во Купот на Кралот, но она што повеќе го загрижи тренерот Ернесте Валверде е поврдата со која се здбоби Паулињо.
Бразилецот го напушти теренот во 53.минута, а според првичните прогнози се работи за фрактура на метатарзалната коска поради што тој најмалку еден месец че биде надвор од тимот.
Паулињо на почетокот на сезоната дојде во Барселона, а неговиот трансфер изнесуваше 40 милиони евра.
Повредата на Паулињо е сериозен проблем за Валверде, бидејќи изминатиот викенд на дуелот со реал Сосиедад се повредија Осман Дембеле и Андрес Иниеста. Дембеле ќе отсуствува помеѓу три и четири недели, додека клубот не соопшти колкава пауза го очекува Иниеста.