Челси без Рубен Лофтус-Чик ќе се обидат да го освојат трофејот во Лига Европа. „Сините“ во финалето на 29 мај, во Баку, ќе играат против Арсенал.
Пред овој натпревар со неочекуван проблем се соочува менаџерот на Челси, Маурицио Сари. Тој мора да најде решение како тимот ќе изгледа без Лофтус-Чик, кој во финишот на сезоната беше еден од најдобрите играчи во тимот.
Англискиот репрезентативец се повредил на пријателскиот натпревар во САД, против екипата на Њу Ингланд.
Луфтус-Чик ја повредил Ахиловата тетива, а од стадионот на Њу Ингланд заминал со помош на патерици и со заштитна чизма на повредената нога.
Повредата и прогнозите околу рехабилитацијата не влеваат оптимизам кај фудбалерот. Доколку степенот на повредата е толку голем, како што тврдат медиумите, тогаш пред Лофтус-Чик се најмалку девет месеци рехабилитација.
Marcos Alonso: "They still don't know but I think Ruben has a little bit of pain, it doesn't look very good to be honest. But fingers crossed he will be back as soon as possible. I think it's his Achilles, he was on his own." pic.twitter.com/l5sX4GVSSU
— Vince™ (@Blue_Footy) May 16, 2019