Top Sport

Проблеми за Депортиво, полиција го испрашувала капитенот за наместен меч?

Шпанската полиција денеска го испрашувала капитенот на Депортиво Ла Коруња, Алекс Бергантињос по објавениот аудио запис дека можно е неговиот клуб нема да оди на победа во одложениот меч од втората шпанска лига.

Бергантињос изјавил дека властите барале да објасни за своите коментари во снимката која вчера ја објавија шпанските медиуми.

Полицијата го испрашувала капитенот на Депортиво, тимот кој испадна во третата по квалитет лига во Шпанија на два дена пред мечот со Фуенлабрада кој беше одложен затоа што противничките фудбалери беа заразени со коронавирус.

Бергантињос рекол дека аудио записот требало да остане во приватна сопственост и негорал било каква поврзаност со евентуално местење на мечот.

На Фуенлабрада и треба најмалку еден бод за да се пласира во плеј-офот за пласман во Ла Лига.

Scroll to Top