Top Sport

Сакари: Ако не продолжеше тениската сезона, ќе се тркав на 100 метри!

Грчката тенисерка Марија Сакари, која во моментов е 20-та на ВТА листата открива дека додека предолго траеше тениската пауза за време на корона-кризата, таа размислувала за промена на спортот. Сакала да се префрли на атлетика, на трките на 100 метри на државното првенство.

„Немавме јасни детали за плановите за продолжението на сезоната, а јас имав желба да се натпреварувам, на најдам нешто што ќе ми одговара и во што би можела да бидам добра. Планот беше ако турнирите не почнат наскоро, да настапам на спринтерска трка на 100 метри на државното атлетско првенство на Грција, кое е закажано на 8 август. Тогаш сепак јавија дека ќе се игра во Палермо, па се откажав од тоа“ – вели Сакари.

Таа на турнирот во Палермо брзо го заврши своето учество. Уште на стартот беше поразена со 6-4 и 6-4 од чешката тенисерка Кристина Плишкова.

Scroll to Top