Само што стигна во редовите на Милан, францускиот репрезентативец Оливие Жиру се најде во проблеми. Тој е позитивен на коронавирусот, што официјално беше потврдено од таборот на „Росонерите“.
Поранешниот играч на Челси, но и на Арсенал, Монпелје, Тур и Гренобл добил позитивен резултат на тестот што го направил во неговиот дом во Франција, па ќе мора да остане во изолација.
Од Милан напоменаа дека Жиру не бил во контакт со ниту еден од соиграчите уште од минатонеделниот натпревар против Калјари каде што токму тој беше стрелец на два гола за „црно-црвените“.
Напаѓачот и на „триколорите“ ќе остане во изолација се додека не добие негативен корона-тест.
За потсетување, Оливие Жиру ова лето потпиша со четата на Стефано Пиоли и тоа двегодишен договор, а по сезона е заработи 3,5 милиони евра.
Official Statement: Olivier Giroud ➡ https://t.co/abchBpyo9k
Comunicato Ufficiale: Olivier Giroud ➡ https://t.co/U4A9BADrlS#SempreMilan pic.twitter.com/7UgxTRTqJa
— AC Milan (@acmilan) September 2, 2021