Top Sport

Проблеми за Покетино – Хакими повторно е позитивен на Ковид 19

Фудбалерот на ПСЖ, Мароканецот Ашрах Хакими е позитивен на Ковид 19 и моментно е во самоизолација, пренесоа денеска француските медиуми.

Интересно е тоа што Хакими, како играч на Интер, беше позитивен на вирусот во октомври минатата година, пред дуелот на „Нероазурите“ со Борусија Менхенгладбах.

Одбранбениот фудбалер тогаш, ден по позитивниот доби негативен ПЦР тест.

Француски „Л`кип“ наведува дека покрај него во карантин е и 18-годишниот фудбалер Едуар Мишу.

Хакими на 6 јули потпиша за „светците“ за 60 милиони евра, а на 14 јули на пријателскиот меч против Ле Ман го имаше своето деби за новиот клуб. Во победата на ПСЖ запиша асистенција.

Scroll to Top