Top Sport

Проблеми за ПСЖ се повреди Кавани (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен забележаа очекувана победа над Бордо (1:0) во 22 коло. Единствениот гол го постигна Кавани во 42 минута од пенал.

Дуелот со Бордо ги зголеми проблемите на Томас Тухел, бидејќи во финишот на првиот дел се повреди стрелецот на голот.

Кавани, не се појави на теренот во второто полувреме, а француските медиуми објавија дека тој има проблем со препоната. Според истите извори прашање е дали Уругваецот в вторник ќе конкурира за место во тимот на натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Тухел за осмина-финалните дуели со Манчестер Јунајтед нема да може да смета на услугите на својот најдобар играч Нејмар.

Scroll to Top