Top Sport

Веспрем и Манасков ја победија Барселона

Ракометарите на Веспрем ја победија Барселона 29:26 во 11 коло, во А-групата во Лигата на шампионите. Барселона остaна на челната позиција на табелата со 18 бода, додека Веспрем останаа во трката со Вардар за освојување на второто место во групата. Унгарците имаат 14 бода еден помалку од Вардар.

Барселона втор пат сезонава се соочи со пораз во Лигата на шампионите. Каталонците немаа шанси против тимската игра на унгарскиот тим.

Дејан Манасков беше еден од четворицата ракометари на Веспрем, покрај Тонесен, Ненадиќ и Мае кои постигнаа по четири гола.

Во наредното коло, во оваа група на програмата е дуелот за втората позиција. Веспрем, в сабота, ќе гостува во Скопје кај Вардар

Scroll to Top